Кордицепс (Cordyceps sinensis) ВИТАЛНОСТ, ЕНЕРГИЈА И ЗДРАВЈЕ

Медицинската габа Кордицепс (Cordyceps Sinensis) припаѓа на групата Ascomycete ,фамилија Clavicipitaceae. Кордицепсот(Cordyceps Sinensis) e ендопаразитско растение кое во повекето случаи расте на инсекти и се нарекува Катерпилар бидејки се развива во утробата на гасеницата. Уште во 15 век тибетанските доктори ја забележале потентноста на оваа печурка ,забележувајки дека тамошните стада со Тибетантски говеда пред напорни и исцрпни патувања конзумирале од овој вид на печурка.Ова видување го пренеле на користењето во човекова употреба што резултирало со зголемена енергија кај човекот, подобрување на имунолошкиот систем ,а посебно делување како афродизијак.

Современите истражувања кои се занимавале со имуно-стимулативните и имуно –супресивните својства на Кордицепсот ја забележале потентноста на оваа печурка. Tие утврдиле дека покрај делувањето на имунолошкиот систем, тој ја зголемува енергијата со продолженото задржување на кислородот во крвта и го подобрува хранењето на мозокот и сите витални органи со кислород.
Моќта на оваа габа освен во медицината, Кинеската атлетска репрезентација ја докажа и во спортот.На светското атлетско првенство во Штудгард-Германија во 1993г. Кинеските атлетичари соборија неклку светски рекорди на 3.000,5.000 и 10.000 метри Посебно се истакна кинеската атлетичарка Ванг Јунксиа (Wang Junxia) соборувајки го светкиот рекорд во дисциплината 10.000 м. за фантастични 42 секунди, кои до ден денес не е соборен.

1. Кратка историја

Кордицепсот има долга и легендарна историја во Кина ,пред 2000г. На Хималајските планини на Тибет локалните сточари ја забележале несекојдневната сила и енергија дека ја имаат говедата Јак по пасењето на кордицепс печурката. Првото споменување на Кордицепс се појавува во 620 н.е. за време на династијата Танг. Се опишува како чуден организам кој живее високо во планините на Тибет и Хималаи, тој е во состојба да се промени од животно во растение и повторно назад во животно. Кордицепсот е навистина необична габа, таа изникнува во жив организам, во ларви од некои видови молци, главно молецот-дух или молецот-лилјак (Hepialus armoricanus; Hepialus Thitarodes), прво го колонизира, мумифицира, и на крајот го убива својот носител.

1.2. Потекло и наоѓалиште

Медицинската габа Кордицепс успева во планините на Тибет, на висина помеѓу 5000 и 7000 метри. Може да се најде и на планинските пасишта на Хималаите и други високи масиви во Кина, Тибет, и Непал. (сл.3)
Постојат околу 680 документирани сорти на Кордицепс габите, од кои Cordyceps sinensis е само еден. Многу видови од медицинската габа Кордицепс изникнуваат од ларвите на различни инсекти, најчесто од ларвата на молецот-дух, а понекогаш и на самите инсекти.
Медицинската габа Кордицепс, расте на речиси секоја категорија на инсекти – штурци, лебарки, пчели, стоногалки, бумбари и мравки. На пример, Cordyceps curculionum го напаѓа телото на мравките и практично јава на нив високо во дрвјата и таму ги испушта своите спори за да ги расее што пошироко.

1.3.Генеричко означување

Името Cordyceps sinensis доаѓа од Латинските зборови Cordy – Малечка палка, стапче, Ceps – Глава, и Sinensis – Кинески. На Јапонски се вика Tochukaso – или „Зиме-црв, лете-трева“. Истото значење го има и кинескиот назив – Dong Chong Xia Cao (скратено- Chong Cao), како и Тибетанскиот назив Yartsa Gunbu. Уште е наречен и „габа-гасеница“.
Cordyceps припага на морфолошката група Hypocreomycetidae,а припага на видот Ascomycota.

2. Состав медицинската габа Кордицепс (Cordyceps ѕinensis)

Слика 5 Шематски приказ на Кордицепсна ( cordycepic ) киселина (1, 3, 4, 5-tetrahydroxy-cyclohexyl киселина)

Главни активни компоненти:

  • Полисахариди
  • Кордицепин(кордицепсна киселина)
  • 77 микро и макро елементи
  • 80 типови на ферменти
  • Аминокиселини
  • Незаситени масни киселини
  • Бетакаротин
  • Витамини Е и Ц
  • Минерали (K, Na, Ca, Mg, Fe, Cu, Mn, Zn, Pi, Se, Al, Si, Ni, Sr, Ti, Cr, Ga, V и Zn)
  • Коензим Q 10

2.2.Клинички испитувања (Научни референци и испитувања)

Во светот многу научно истражувачки институти работат да ги потврдат бенефитите од делувањето на кордицепсот врз човековото здравје.Многу научници објавиле научни трудови во најпрестижните списанија за лековитата мок на медицинската габа Кордицепс и спречување на развивањето на болестите како што се ракот и сидата.

2.2.1.Институтот за наука и медицина од Америка

Во 1999 год. Во УКЛА Медицинското училиште(UCLA School of Medicine ) професорот Др.Кристофер Купер(Dr.Cristofer Cooper), го користел екстрактот од медицинската габа Кордицепс за да ги потврди перформансите.Со клиничко истражување тој го тестирал нивниот кислороден капацитет, кај 30 постари пациенти. На пациентите на кој им е даван екстракт од медицинската габа Кордицепс им се зголемил капацитетот од 1,88 до 2,00 литри во минута, додека кај пациентите со плацебо немало никакви промени

Едно клиничко истражување, прикажало дека 92 од 100 пациенти со различни респираторни заболувања како хроничен бронхитис, бронхијална астма и сл. Забележано е клиничко подобрување по земањето на екстракт од  медицинската габа Кордицепс како додаток на исхранаа во период од 2-12 недели.

Медицинската габа КОРДИЦЕПС помага при:

  • Астма и бронхитис;
  • Артериосклероза и кардиоваскуларни болести;
  • Намалување  на  холестеролот;
  • Смирување на срцевите  аритмии;
  • Контрола на  дијабетес;
  • Вирусни заболувања (ХИВ, ХПВ);
  • Цироза на црниот дроб  (пост-Hepatitis);
  • Зголемена физичка активност и екстремни спортови(адреналински);
  • Сексуална дисфункција и намалување на бројот на сперматозоиди.

Неодамнешните научни истражувања утврдија дека со конзумирање на медицинската габа Кордицепс, доаѓа до зголемување на нивото на ATP (аденозин трифосфат) во клетките, што подразбира значително зголемување на енергијата, за разлика од при-видното зголе-мување на енергијата до кое доаѓа кога се конзумираат стимуланси на централниот нервен систем, како кофеин, ефедрин или амфетамин.

Земајки лекови како што се амфетамин, пациентите имаат привиден вишок на енергија, бидејки овие стимуланси делуваат на централниот нервен систем, а не на метаболизмот во клетките, па како последица доаѓа до исцрпување на организмот, односно краен резултат е генерален недостаток на енергија откако ќе престане дејство-то.

Кордицепс медицинската габа, реално ги зајакнува мускулите, а од друга страна го подига нивото на ATP-то во клетките, со што организмот добива повеке енергија и е во состојба да поднесе поголем и подолготраен физички напор.

Кордицепс медицинската габа на спортистите им дава додатна енергија и вистински го намалува заморот, без притоа да го исцрпи организмот. Повозрасните луѓе го конзумираат од исти причини – добиваат повеќе енергија, а воедно го зајакнуваат и организмот.

Зошто се употребува Кордицепс медицинската габа

Класичната медицина многу пати не е во состојба да ги лечи причините на болеста туку само последиците или симптомите .Понекогаш поради погрешниот пристап а понекогаш поради немоќта на класичните лекарства.

Кордицепсот за разлика од конвенционалната медицина има за цел да го зајакне имунолошкиот систем да ја врати првобитната функијата на органите ,да ги отстрани сите кардиоваскуларни наслаги и да ја врати првобитната енергија и виталноста на телото како и отстранувањето на токсините од телото.

Делување на Кордицепсот како помошна терапија при малигни заболувања

Кордицепсмедицинската габа има голем потенцијал како помошна терапија и додаток на исхраната при малигни заболувања. Се поголем е бројот на онколози ширум светот кои го препорачуваат Кордицепсот како додаток при хемотерапија, зрачење и останатите конвеционални и традиционални методи на лечење на рак.

Кордицепсот својата потентност ја покажува со дополнителната оксигенизација на клетките и организмот со што позитвивно делува во спречувањето на растењето на туморот, а во некои случаи и тотално уништување на некои видови на тумор.

Кордицепсот е ефикасен во подигањето и стабилизацијата на имунолошкиот систем. Редовното користење помага да се одржи енергијата и виталност, дури и ако пациентот е подложен на хемотерапија и зрачење.

Делување на Кордицепс врз имунолошкиот систем

Голем број на современи научни истражувања се занимаваат со испитување на имуностимулаторните својства на Кордицепс.

Докажано е дека при давање на Кордицепс на пациенти чиј имунолошки систем е ослабен поради болест, како што се рак, хепатитис или ХИВ инфекција (сида), бројот и активноста на црвените крвни зрнца расте.

Спротивно на тоа пациенти со хипер-имунитет, како што е случајот кај пациенти оболени од автоимуни заболувања како што се Лупус, Лимфом или ревматиден артритис, бројот на бели крвни зрнца опаѓа а расте бројот на црвени крвни зрнца. Лекарствата кои имаат вакви способности во науката се наречени имуномодулатори.

Познато е дека крвните клетки се произведуваат во коскената срж.Тие ја напуштаат коскената срж како незрели и патуваат до другите органи каде што созреваат во одреден тип на крвни клетки, како што се црвени крвни зрнца и Т-клетки.

Чудесно е дека Кордицепс кај некои пациенти се однесува како имуно-стимулатор, а кај некои како имуно-депресент. Објаснувањето лежи во дејствувањето на Кордицепс на механизмот на диференцијација на крвните клетки, кои му сигнализираат на телото каде треба да ги испрати незрелите клетки.

Овој механизам е детално опишан во студијата (Chen и останатите 1997год.) која го прикажува начинот на делување на Кордицепс на созревањето на клетките на леукемијата.

Оваа имуномодулација на ниво на диференцијација ја покажува способноста на Кордицепс да ја стимулира природната борба на организмот против болести.

Делување на Кордицепс врз функцијата на срцето

Едно од најзапазените дејствија на Кордицепсот во традиционалната и модерната медицина е неговото влијание на стабилизирање на пулсот и срцевите аритмии. Оваа габа денес во Кина претставува една од првите одбрамбени линии во превенцијата на сериозните заболувања од тој вид.Иако механизмот на делување на Кордицепсот во контролирање на аритмијата е само делумно познат, се смета дека барем еден дел се препишува на присуството на аденозин (Pelleg и останатите, 1990 год.)

Кордицепсот содржи значителна количина на аденозин,деоксиаденозин,слични нуклеотиди и самиот кордицепин од аденозинот се разликува само по една кислородна молекула. Докажано е дека овие соединенија имаат позитивен ефект на корнорарната и целебралната циркулација (Tod и останати, 1982 год); (Bern 1980год.)

 Како што е познато, ниеден лек ни билка немаат еднакво дејство кај сите пациенти. Но, не е таков случајот кај Кордицепсот. Многу ретки се случаите во кои аритмијата не се подобрила по додавањето на Кордицепс кон класичната терапија.  Не се забележани негативни ефекти од Кордицепсот  кај пациенти со аритмија, а поради својата нетоксичност претставува извонреден додаток при лечење на оваа болест.

Делување на Кордицепс врз бубрезите и црниот дроб

Истражувањата спроведени врз пациенти со хронични заболувања и намалена функција на бубрезите, покажаа дека едномесечно земање на екстракт од медицинската габа Кордицепс е доволен период да се забележи значителна редукција на оштетените бубрежни клетки (Jiang и Gao, 1995 год.)

Бројни студии покажале дека Кордицепсот ја подобрува и функцијата на црниот дроб и овозможува превенција од цироза . Оваа габа редовно се користи како помошна терапија при лечење на хроничен хепатитис Б и Ц.

Делување на Кордицепс во регулирање на нивото на шеќер во крвта

Научните истражувања покажуваат дека екстракт од медицинската габа Кордицепс може да биде корисен и кај пациенти со дијабетес, било да се дава поединачно или во комбинација со други лекови.

Во еден експеримент, на пациентите им е давано 3 гр дневно,резултатите покажале дека кај 95% од нив е забележано подобрување на состојбата за многу краток период.

При користење на екстракт од медицинската габа Кордицепс,покажани се нормални варирања на нивото на шеќер кои се јавуваат во текот на денот, односно зголемување на нивото на гликоза по јадење и нејзиното опаѓање помеѓу оброците, била значително намалена кај групата која конзумирала екстракт од медицинската габа Кордицепс. Нивото на шеќер по оброкот не растел како вообичаено, и не паѓал помеѓу оброците, како кај испитаниците кои не конзумирале Кордицепс.

Овој резултат несомнено укажува на позитивното дејствување на Кордицепсот врз механизмот на регулација на нивото на шеќер во крвта.

Ви претставивме само мал дел од бенефитите што поседува медицинската габа Кордицепс. Постои многу литература и научни студии кој ја потврдуваат потентноста и моќноста на медицинската габа Кордицепс.

Медицинската габа Кордицепс го регулира и нивото на хормони во организмот и делува антидепресивно и антистресно.

Кордицепсот исто така претставува најдобар природен афродизијак кој ја зголемува машко-женската потенција, либидото, сексуалната моќ и помага при третман на болести поврзани со сексуалната дисфункција.

Како природен антибиотик, штити од многу бактерии (стафилококи, пнеумококи , стрептококи)
Ја зголемува синтезата на мелатонин кој е универзален антиоксиданс за заштита и превенција при настинки и други заболувања.

Кордицепинот(Cordycepin) се добива само од медицинската габа Кордицепс и не е можно истиот  синтетски да се произведe.

Кордицепсот претставува и голем извор на Бета глукани  кои ја помогаат функцијата на имунолошкиот систем при чести бактериски, вирусни и габични инфекции. Се користи како општо закрепнувачко, тонизирачко средство, ја зголемуваат активноста на имуните клетки и нивната способност да уништуваат бактерии и други микроорганизми. Го стимулираат производството на имуни тела во организмот. Ја зголемуваат локалната имунолошка заштита на лигавиците на дишните, цревните и уринарните патишта.

Редовното користење на екстрактот од медицинската габа Кордицепс е динамично трио ја подообрува енергијата, виталноста и здравјето.

МЕДИЦИНСКА ГАБА - КОРДИЦЕПС (CORDYCEPS SINENSIS)

Слика 1 Тибетски собирач на Кордицепс

слика 2 Изглед на собран Кордицепс

Слика 3 Кордицепс во природата

Слика 4 Кордицепс зрел за собирање